„Права на детето“: Правата на децата сериозно погодени поради Ковид-19

by Fokus

Правата на децата ширум светот се сериозно погодени од кризата поради новиот коронавирус, со што се зголеми ризикот од принудна работа или брак, јави ДПА повикувајќи се на холандската невладина организација Права на детето.

Економските последици од пандемијата и мерките преземени од страна на владите за да се запре ширењето на вирусот имаат сериозни последици за многу деца.

– Оваа криза отстрани неколку години напредок во правата на децата, рече Марк Дулерт, основач и претседател на „Правата на детето“.

Затворањето на училиштата ги направи младите многу ранливи на присилна работа или брак, предупредува организацијата. Тенмзиите во здравствените системи стави крај на програмите за вакцинирање против болести како што се детска парализа и сипаници и „ќе доведе до пик на смртност кај децата“, со случаи што се очекува да
пораснат за стотици илјади.

Во најмалку 23 држави, кампањите за вакцинирање на сипаници се прекинати, а засегнати се повеќе од 78 милиони деца на возраст под девет години. Според нив, „потребно е од кога и да било“ да се обрне внимание на правата на децата.

Нивните анализи се објавени во индексот за 2020 година – таму се рангирани 182 земји според степенот до кој се почитуваат правата на децата. Првите три места во индексот се Исланд, Швајцарија и Финска, а последните – Чад, Авганистан и Сиера Леоне.

Поврзани новости