Двајцата пратеници од редовите на ВМРО_ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелика Петкова кои се позитивни на ковид 19 согласно протоколите на Комисијата за заразни болести ја напуштија кабината во Собранието, каде што беа изолиирани во текот на денот. , откако повторно е побарана пауза. Сепак, се очекува за одредено време повторно да се вратат.
„Пратениците во скафандери на неодредно време и согласно протоколите ја напуштија кабината, каде што беа изолирани и си заминаа дома. Се очекува подоцна повторно да се вратат, во зависност од тоа дали ќе има потреба да гласаат, информираат наши извори од собранието.
Претходно „Фокус“ објави дека повеќе од шест саати никој не смее да седи во скафандери бидејќи може да колабира, за што потврдија и дел од лекарите кои работат во ковид центрите.
„Максимум пет до шест саати може да се седи во скафандер и после тоа се прави неколку саати пауза, па повторно може да се облече“, едногласно потврдија шест лекари, кои ги прашавме.
И.М.