479
Пратениците, членовите на Советот на министри, членовите на политичките кабинети и шефовите на државните агенции нема да добиваат надомест од 1 април до крајот на вонредната состојба, изгласа вчера бугарскиот парламентот со 170 гласови ЗА.
Предлогот дојде од Красимир Ципов (ГЕРБ), откако заврши расправата за измените во Законот за вонредни мерки.