447
Без никаква дискусија и образложение, Собранието вечерва ги донесе измените на Законот за финансирање на партиите, Законот за Влада и Изборниот законик. Законите беа изгласани со по 102 гласа за и ниту еден против.
Ниту еден од пратениците не се јави за збор, ниту пак предлагачите (пратеници и од власта и од опозицијата) ги образложија предложените измени.
Овие законски измени ги договорија партиските лидери на лидерските средби, а Собранието кое по дефиниција е законодавната власт, само ги изгласа.