Пратениците се враќаат на работа на први септември

by Fokus

Пратениците на први септември се враќаат на работа во Собранието. Ова е договорено на денешниот прв работен ден по враќањето од колективниот одмор, на првата редовна координација.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, на 1-ви септември пратениците ќе продолжат со преостанатите, незавршени седници, а следната, нова пленарна седница, спикерот Талат Џафери ќе ја свика на 14 септември.

Исто така, на крајот од соопштението се наведува дека Џафери ги замолил пратениците да ги почитуваат здравствените протоколи како и досега, за да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства.

Поврзани новости