Пратениците се пазарат, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за законите на СДСМ само доколку бидат поддржани нивните предлози

by fokus

Десетина минути по почетокот на денешната собраниска седница, координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара пауза од половина час за владината коалиција да размисли по предлогот што беше ставен на маса. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му понудија на владејачкото мнозинство да поддржи еден од законите што ги предложија, а за возврат да ја дадат својата поддршка за законите за минимална плата, укинување на радиодифузната такса и обештетување на стечајците.

Ако пратениците од владејачките партии гласаат за зголемување на платата на администрацијата, или доделување на ваучери на студентите за набавка на комјутери, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за пакетот социјални закони, предложи Милошоски.

Тој побара половина час пауза за да може  владејачкото мнозинство да се договори за кој од двата предложени закони ќе се произнесат, дали зголемување на платите во јавниот сектор, или доделување ваучери на студентите.

Поврзани новости