Предлогот на Левица за дополнување на Законот за пратеници, по скратена постапка, со кој оваа пратеничка група бара ограничување на патните трошоци на пратениците не доби поддршка на денешната собраниска седница. Предлогот не беше ставен ниту на Дневен ред.
-ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците! Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук, откако предлогот не доби поддршка.
Опозициската СДСМ ја поддржа иницијативата, подвлекувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци, „додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај“.
Според пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, тие нудат „рационална и конструктивна равенка“, според која пресметката на патните трошоци ќе биде јасно дефинирана односно 6,5 литри гориво на поминати 100 километри.
Тој рече дека ваков закон е „насушно потребен бидејќи јавноста долго го артикулира овој проблем и тој директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем“.