Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да расправаат сами со себе

by fokus

Точката на пленарна седница во Собранието за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, почна да се разгледува на петти јули. И денеска се очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да си реплицираат сами на себе и да ги користат сите механизми кои им ги овозможува Деловникот, како процедурални забелешки и контрареплики. Пратениците од СДСМ најавија дека ќе се откажат од своето право на збор со цел да не ја пролонгираат седницата дополнително.

Пријавени за дискусија се 30 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сите имаат право на збор по 10 минути, а останатите имаат право на реплики и контрареплики. Десет координатори на пратенички групи од оваа партија имаат на располагање процедурални забелешки и барање за пауза од еден час по координатор. Од тие причини пленарната седница за Зврлевски може да се развлекува до бескрај, велат стручни служби од Собранието.

- Advertisements -

Од СДСМ најавија дека нема да одат на одмор додека не го разрешат Зврлевски, но се поизвесно е дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ја стави во мирување седницата за пратениците да можат да го искористат својот годишен одмор.

Поврзани новости