Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираа годишното обраќање на Пендаровски

by fokus

На годишното обраќање на шефот на државата Стево Пендаровски во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извадија транспаренти, а потоа ја напушија салата.

Кога тој го започна говорот, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ излегоа пред собраниската говорница држејќи транспаренти на кои пишуваше „Идентитетот се продава“, „Заев: Стево е неискусен политичар“, „Не е мој претседател“.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потоа ја напуштија салата.

-Не е претседател на сите граѓани, туку само извршител на една политичка структура и на Зоран Заев. Со тоа Пендаровски им сврте грб на македонските граѓани. Затоа денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб нему и ја напуштија собраниската сала каде што тој имаше обраќање. Второ, Стево Пендаровски е прв којшто кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е Бугарин и со тоа ги сруши македонските национални интереси. Ја отвори Пандорината кутија, ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите за историјата внесе политика и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, идентитет, јазик и посебноста на македонската историја, рече Александар Николовски.

Поврзани новости