Пратениците од утре се на одмор, Собранието ќе заседава само за итни потреби

by Fokus

Од утре па до 2 септември пратениците официјално ќе го користат својот годишен одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот.

Инаку вообичаено пратениците секоја година беа на одмор од 1 август, па до почетокот на септември.

– Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај – велат од Кабинетот на претседателот на Собранието – Африм Гаши.

Од почетокот на работата на овој парламентерен состав на 28 мај 2024 година се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

Поврзани новости