Пратениците од утре ќе користат нова конференциска опрема, вредна 520.000 евра

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја претстави новата модерна конференциска опрема во пленарната сала, што од утре ќе биде ставена во функција.
Џафери информира дека салата е комплетно обновена, а како што беше и пред пандемијата со ковид-19, во салата од утре ќе можат да присуствуваат и медиумите без ограничувања, според претходно воспоставените правила.

– Таа јавна набавка е направена минатата година. Извршени се сите тестирања, сите работи функционираат како што треба и од утре се враќаме во новата сала – рече Џафери, додавајќи дека на пратениците им била овозможена обука за користење на опремата.

Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник“, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија.

Поврзани новости