Пратениците од Левица со велосипеди стигнаа во Собранието

by fokus

Двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов пристигнаа со велосипеди во Собранието.

-Денес, за прв пат во историјата на Македонија, претставници на угнетената класа станаа полноправни членови на Законодавниот дом!

Нашата искрена и бескомпромисна борба за праведна и слободна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – градена со автентичен политички активизам – денес доби парламентарен облик преку кој ќе поставиме нови стандарди на политичко делување. Борбата за правда е долга и племенита – и истата допрва започнува!

ПС Како што најавивме, нашите пратеници пристигнаа во Собранието со велосипед, пишува на фејсбук страницата на Левица.

Поврзани новости