507
Пратениците од Социјалистичката партија на Љубисав Ѕинго денеска му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум на пленарната седница. Пратениците Љупчо Димовски и пратеничката Владанка Авировиќ останаа во собраниската сала, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија.
Димовски и Авировиќ постапија спротивно на одлуките на пратеничката група од партијата со која до неодамна беа во коалиција. ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците во Собрание секој пат кога владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум од 61 пратеник.
Ова е втор пат како СПМ во Собрание не ги поддржува одлуките на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно Авировиќ и Димовски не го потпишаа барањето за гласање доверба на Владата.