363
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на првата седница по празниците, во вторник, сепак ќе седнат во собраниските клупи, јави ТВ 24 повикувајќи се на информации на партиски функционер.
Од партијата засега не ги откриваат причините поради кои го прекинуваат бојкотот, ниту пак дали е постигнат некаков компромис со владејачкото мнозинство. Сепак остануваат на ставот дека нивните притворени колеги треба да бидат пуштени на слобода, а неизвесно останува како пратеничките групи ќе функционираат без нив.
Официјално од партијата ниту ги потврдуваат ниту ги демантираат овие информации.