Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Собранието да го следат развојот на ситуацијата. Ова било заклучено на седницата на Изршниот комитет што се одржа синоќа откако лидерот на партијата претходно најави дека ќе одлучи дали пратениците ќе останат или ќе го напуштат Собранието.
-Интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење на закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви. Избори на 12 Април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата, беше заклучено на седницата на ИК, соопштуваат од партијата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно изјави дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор Собранието да се распушти до 12 април.