Македонското Собрание денеска ја започна расправата, за избор на заменици – министри во Владата. Премиерот Зоран Заев, ја соопшти листата со кандидати, потенцирајќи дека станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари.
Пратениците на ВРМО-ДПМНЕ имаа негодувања околу изборот на некои заменици – министри. Тие реагираа преку реплики, и сметаат дека, Арта Точи, која е предлог заменик министер за надворешни работи, нема да ги брани интересите на Македонија.
„Се сомневам дека “Арта Точи ќе им служи на македонските граѓани бидејќи ако претходно сте го прочитале трудот „Границите како мит“ ќе забележите дека во тој труд истакнува дека е во 1913 година направена голема грешка бидејќи голем дел од западна Македонија не припадна кон Албанија тоа е некоректен предлог кон сите граѓани на република Македонија бидејќи сите живееме во иста држава. Утре та може да ја посети Мерсила Дода и заедно да дадат изјава дека треба референдум во Илирида“, изјави на седницата Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.