525
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја окупираа говорницата на почетокот од денешната собраниска седница на која како прва точка е разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски. На говорницата излезе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, иако немаше збор по што претседателот на Собранието, Талат Џафери, побара од обезбедувањето да интервенира.
-Го повикувам обезбедувањето да воспостави ред. Антонио Милошоски ослободете ја говорницата – повика Џафери.
Откако Милошоски одби да се врати на своето место, околу него застаанаа неговите сопартијци поради што Џафери прогласи десет минути пауза и ги замоли пратениците да ја напуштат салата.