Пратениците на Села му замерија на Џафери за листата со говорници

by Фокус

Пратениците на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, на денешната собраниска седница за избор на нова влада, се побунија бидејќи спикерот Талат Џафери, според нив, го прекршил деловникот. Од албанската опозициска партија беа незадоволни поради листата со говорници.

Џафери, пак, им одговори дека се повикуваат на погрешни деловнички одредби, порачувајќи дека при составувањето на листата на говорниците се водела сметка сите страни да бидат рамноправно застапени.

После 5-минутна пауза, седницата продолжи.

Поврзани новости