401
Пратениците од редовите на СДСМ одлучија секогаш кога збор ќе земат пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески, тие да излезат од собраниската сала. Сашо Василевски и Крсто Мукоски се едни од пратениците кои ги отворија вратите од Собранието на 27 април.
СДСМ ја напушти салата попладнево кога збор зема Крсто Мукоски, а кога тој заврши со своето говорење, пратениците на СДСМ се вратија на своите пратенички места.