518
Пратениците во Собранието на Македонија ќе бидат на одмор од 8 до 25 август, соопшти денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, кој даде отчет за сработеното на Парламентот во првите 100 дена.
Според него, се очекува на 31 јули или на 1 август да биде закажана седницата за ребаланс на Буџетот, која според Деловникот треба да трае 5 работни дена, по што пратениците ќе се распуштат.
Џафери очекува да ги распише Локалните избори на 6 август, а тие би се одржале на 15 октомври оваа година.