Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 71. седница го заврши претресот по предлогот Хисни Имаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието.
Поради немање доволен број пратеници гласањето е најавено за почетокот на септември, по завршување на годишните одмори. Исмаили за потпретседател на Собранието беше предложен со потписите на 20 пратеници.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот.
Мицевски рече дека Исмаили денеска нема да биде избран за потпретседател на Собранието бидејќи мнозинството нема доволен број пратеници за да го изгласа. За да се види тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се одјавија од системот и излегоа од салата.