427
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Аран Груби, како што најави седницата за разгледување на Предлог законот за употреба на јазиците ја закажа на Денот на албанската азбука, кој е и неработен ден.
Седницата е закажана за 22 ноември во 15.00 часот, со што ќе почне второто читање за овој Предлог закон и амандманска расправа по истиот откако пратениците ја усвоија потребата од негово донесување.
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно Законот за празниците, 22 ноември 2017 година, Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница.