Пратениците на ЛДП бараат точни информации за употребата на мазутот во земјава

by fokus

Поради бројните реакции во јавноста, имајќи ја предвид надзорната улога на Собранието врз институциите пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски испратија писмо до надлежниот министер задолжен за пуштање во употреба на течни горива во Република Северна Македонија.

– Очекувам дека ние и сите граѓани ќе добиеме навремена и соодветна информација која ќе опфаќа јасен преглед за квалитетот на мазутот кој се внесува и користи во земјата. Секој човек има право на здрава животна средина и сите заедно треба да придонесеме за истата, вели Зајкова.

Тие во писмото бараат да се достави итна Информација до Собранието на РСМ во која ќе се наведат објаснувања и веродостојни анализи за можните (не)намерни пропусти по однос на обвинувањата изнесени во првата епизода на „Редакција“ на МТВ1 во однос на отровниот карактер на опасните хемикалии употребени како „мазут“ или „течно гориво“.

– Во најкус рок треба да се направат измени на член 8 и член 9 од Правилникот за течни горива кои се однесуваат на квалитетот на мазут, односно да се намали граничната вредност на количество сулфур од 1.00% на 0.5%, а воедно и да се проверува количество на други параметри без одлагања, бараат Зајкова и Мојсоски.

 

Поврзани новости