Пратениците на Христијан Мицкоски, нашите партнери од ЕУ ги нарекуваа нацисти, велат од СДСМ

by Fokus

Пратениците на Христијан Мицкоски, нашите партнери од ЕУ ги нарекуваа нацисти, се наведува во партиското соопштение од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта кај неговиот ментор Никола Груевски.

-Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните, порачуваат од владеачката СДСМ.

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска, за време на расправата во Собранието за францускиот предлог, во својот говор ја спореди Европската унија со нацистичкиот режим, по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

-Ќе ви прочитам еден твит – на денешен ден 1933 година, нацистите донеле закон за задолжителна стерилизација на лицата со наследни болести. Денес, односно вчера, 2022 година, ни дојдоја дома, во парламентот, да нè стерилизираат нас Македонците, кажа Лозановска во реплика од собраниската говорница.

Поврзани новости