Со 5 гласа ЗА и 4 ПРОТИВ, членовите на Комисијата за мандатно имунитетни прашања му го одзеде пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Димовски по барањето на судот за одобрување на притвор.
Претседавачот на комисијата Павле Богоевски ќе ја достави ваквата одлука до собранискиот спикер Талат Џафери кој во следните денови треба да закаже собраниска седница на која пратениците ќе гласаат за одлуката на комисијата.
Вчера им беше одреден притвор на Михаил Цветков и Христијан Делев, а куќен привор за екс мин истерот Спасеноски.
Сите се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на буџетот.