Пратениците ќе расправаат за можноста на изборите да гласаат и граѓаните чии документи истекле во последните девет месеци

by Fokus

Пратениците во Собранието денеска треба да расправаат по предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка, со кои, освен имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР се врши и допрецизирање на одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, така што ќе се овозможи избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од 9 (девет) месеци до денот на одржување на изборите.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, вчера изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓаните кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат, посочувајќи дека не го знае точниот број, но дека се работи за бројка од околу 100 илјади граѓани на кои мора да им биде обезбедено право да гласаат на изборите.

–  Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право, истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на винаријата Брзанов.

Во однос на бројот на граѓани кои не поседуваат лични документи рече дека не може да каже точен број, но дека мора да им се обезбеди право да гласаат на изборите.

Поврзани новости