Пратениците ќе гласаат за судските реформи, опозицијата уште не се враќа во собраниските клупи

by fokus

Собранието на Република Македонија денеска во 14:00 часот ќе ја продолжи 40. седница.

За најголем дел од законите кои се на дневен ред на оваа седница вчера заврши расправата, а пратениците ќе треба само да гласаат за нив. Меѓу нив се и реформските закони за судскиот совет и за судовите.

Пратениците треба да расправаат само за Предлог-законот за високо образование, во прво читање, за кој денеска треба да се изјаснат и членовите на Комисијата за европски прашања.

И овие разгледувања и гласања ќе поминат без опозицијата. Вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев најави дека тие ќе се вратат заедно со предлогот за гласање недоверба на владата на Зоран Заев, но документот уште не им е доставен до Собраниските служби, па затоа нема да присуствуваат ниту на денешната седница.

Поврзани новости