534
Собранието денеска ќе ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
СДСМ вчера со потписи на 20 пратеници го предложи Талат Џафери за единствен кандидат за претседател, на што реагираше Беса со прес конференција на која истакна дека за нив е неприфатлив предлогот на социјалдемократите.
Во вжештена политичката криза лидерот на ВМРО – ДПМНЕ вчера не присуствуваше на собраниската седница – отпатува за Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската народна партија.