Пратениците го ограничија растот на функционерските плати, но не ги намалија

by Fokus

Се стопира растот на платите на функционерите. Едногласно и без дискусија, пратениците ги изгласаа сите шест закони кои носат ограничување на платите веќе од февруари.

Со ограничувањето се опфатени илјада и 60 носители на функции – претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Законите предвидуваат намалување на коефициентот: кај првите три функции во државата: претседател, спикер и премиер од 4,50 на 3,91. Кај пратениците коефициентот ќе биде од 3,04 до 3,92 наместо од 3,5 до 4. Ова минимално намалување спречува покачување на платите за 15,3 одсто, или, од 300 до 500 евра.

Ова ограничување на платите предизвика реакции и незадоволство кај судиите и обвинителите.

А Сојузот на синдикати пак го смета за лицемерие и бараат функционерите да ги вратат 78-те одсто или да им го дадат на работниците.

Поврзани новости