Пратениците го одбија предлогот на Левица за зголемување на повратот од „Мој ДДВ“ на 4100 денари

by irena 13:08
13:08

Пратениците во Собранието го одбија предлогот на пратеничката група на Левица за двојно зголемување на повратот за ДДВ од мерката „МојДДВ“.

Од 92 регистрирани пратеници, само 17 гласаа „За“ и еден беше воздржан.

Според Левица, првата измена на законот предвидуваше двојно зголемување на повратот на ДДВ за граѓаните на тромесечје преку системот „Мој ДДВ“ и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите.

Слични вести