460
Заврши распитот кај судија на претходна постапка на шестмината пратеници во Кривичниот суд, осомничени за организирање на насилствата во Собранието од крвавиот четврток. Пратениците се се уште во судот каде чекаат судијата да одлучи дали ќе завршат во притвор.
Судијата на претходна постапка има рок од шест часа да донесе одлука и да им ги врачи решенијата.
Притвор им се заканува на Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски.