Пратеници за рaзрешувањето на Дамева: Ова е реприза на „27 април“, крвавиот четврток

by Fokus

Покрај сите негативни реакции кои овие два дена излегоа околу разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска реакции имаше и од дел од пратениците во Собранието.

Повеќето од нив во изјави за медиумите оценија дека последниот развој на настаните е негативен и скандалозен, а други, пак, направија паралела со случувањата во парламентот од пред точно шест години – 27 април 2017.

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно.

„Лично како Мартин Костоски можам да го оценам како негативно таквото однесување, меѓутоа за подетални информации ќе мора да прашате во ова независно судско тело“, рече пратеникот.

Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакна дека она што се случило вчера во Судскиот совет кога беше разрешена Дамева е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години во ова Собрание кога, според неа, му било преземено столчето на Трајко Велјановски, кој во 18 часот ја заврши седницата.

Нокаут за веќе паднатото судство, поголема банда од судиите-членови на Судски совет нема.

Ова се дел од реакциите на стручната јавност откако денеска седум членови на Судскиот совет на чело со потпретседателот , Селим Адеми, ја разрешија претседателката на Судски совет откако самата одби да поднесе оставка.

 

 

Поврзани новости