435
Премиерот Зоран Заев има обезбедено замена за тројцата пратеници од Алијансата за Албанците, во случај тоа да биде потребно, дознава Либертас од висок функционер на власта.
Се работи за пратеници кои беа коалициски партнери на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од помалите етнички заедници и кои биле спремни да преминат во владејачкото мнозинство.
Сепак, според информациите на Либертас, им се остава простор на Зијадин Села и неговата партија да одлучат за идните потези. Во владејачкото мнозинство се надеваат дека сепак Алијансата нема да излезе од Владата.