Пратеникот Зибери со џип удри во металната рампа пред Собранието

by fokus

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, на својот Фејсубк профил објави видео на кое се гледа како новиот пратеник од ДУИ, Арбен Зибери, инаку внук на Насер Зибери (кандидатот на ДУИ за премиер), нервозен излезе од Собранието и на излегување со џипот удри во металната рампа.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1243487002663849&id=100010076834178

Во јавноста се шпекулира дека во ДУИ има превирања поради изборот за кадри во новата влада и со тоа е загрозено парламентарното мнозинство. Според ТВ Алсат-М, вчерашната седница на Централниот совет на ДУИ ја бојкотирале пратениците од Чаир и Сарај, Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Двајцата пратеници наводно најавиле дека нема да учествуваат во гласањето на Талат Џафери за претседател на Собранието и на новата влада.

Поврзани новости