Пратеникот Трајчо Димков се пожали кај Џафери: Мисовски ме нарече хохштаплер

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, се пожали кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека за време на неговото обраќање на денешната комисисика расправа за уставни измени, бил наречен хохштаплер од пратеникот на НСДП, Горан Мисовски.

-Сакам да реагирам до васт дека колегата Мисовски ме нарече хохштаплер, такви зборови нема потреба. Потпртседател сте на Собранието, очекувам поголемо достоинство од вас, го кажав само своето мислење – рече Димков.

Тој претхоно им порача на пратеници од парламентарното мнозинство да внимаваат какви одлуки носат.

-Одлучувате за судбината на Македонија. Како во пијана состојба, па луѓето кога ќе се разбудат ќе видат што направиле. Како ќе му кажете на народот дека Гоце Делчев, идеологот на македонската држава, не треба да кажуваме дека е од Кукуш. Ова е најтажниот и најсрамниот дел во исоријата на Република Македонија. Барам да ја почитувате волјата на народот – порача тој.

Поврзани новости