492
Пратеникот Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ вчера за време на седницата за поместување на датумот на изборите беше фотографиран како покажаува два средни прста кон пратениците од опозицијата. Фотографијата ја направи фотографот на „Слободен печат“, Борче Поповски.
Денеска од собраниската говорница пратеникот од СДСМ, Горан Сугаревски, ја покажа фотографијата, а пратеникот Пишев тврдеше дека таа е фотомонтажа, а тој не покажал среден прст.
Фотографот Поповски за ПлусИнфо рече дека неговата фотографија е оргинал, а тој како фоторепортер не чувствува обврска да го коментира однесувањето на пратеникот.