680
Бастри Бајрами, досегашниот пратеник на Движењето БЕСА ја информира јавноста дека од денеска ќе дејствува како независен во Собранието.
„Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, Ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“ се вели во известувањето на Бајрами испратено до собранскиот спикер Талат Џафери.
Засега нема официјални информации како ќе дејствуваат доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Коџаџику, кои најавија формирање на ново политичко движење.
Завчера се одржа средба на Изет Меџити со претседателите на Алтернатива, Африм Гаши и на Движењето Беса, Биљал Касами за можна соработка на албанската опозиција.