46
Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, го искоментира како „научена лекција“ поразот на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во однос на опозициската кандидатка со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.
„Секогаш лекција, никогаш пораз мои социјалдемократи. Ништо не е изгубено, со дигната глава утре ќе продолжиме со секој од вас, благодарност до сите кои дадоа поддршка за Стево, број 1 останува во трка за победа“, прогласи пратеникот од Куманово.
Извесно е дека во вториот круг на 8 мај, за кога се закажани и парламентарните избори, претседателот на државата ќе се одбира помеѓу Давкова и Пендаровски.