570
„Оваа влада ќе ја биде. Мандатарот Спасовски е една гаранција дека државнички ќе ја извршува оваа функција“, рече независниот пратеник Панчо Минов во своето обраќање на денешната собраниска седница за избор на владата.
Тој имаше пофални зборови и за техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.
-Влада без кавадарчанец не ја бива. И сега ми се пружа и една можност тоа да го кажам за Наќе Чулев. Многу е едуциран, многу е професионален, плус и кавадарчанец, и затоа мора да го бива, рече независниот пратеник Минов.
Тој истакна дека и сега е моментот да се донесе законот за јавното обвинителство, со што ќе се докаже дека сите се за ЕУ.