422
Неџбедин Кахремани, пратеник од БЕСА на денешната прес-конференција во просториите на Собранието потврди дека има закани пo неговиот и по животот на неговото семејство.
– Мојата должност како пратеник јас ја прифатив, а сите знаат како БЕСА ги доби гласовите во Тетово. Ќе се одржи конгрес и се ќе биде во ред. Денеска ги поздравувам моите гласачи и Движењето БЕСА, а тие што упатуваат закани кон мене, да знаат дека не им се плашам – истакна Кахремани.
В.С.