1.1K
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утринава на социјалната мрежа фејсбук објави дека во неговиот дом упаднала Финасова полиција.
-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!, објави пратеникот на фејсбук.
„Фокус“ очекува одговор од Управата за финансиска полиција.
Денеска, пак, во Собранието за во 11 часот е закажана седница за гласање на доверба на Владата.