483
Бардуљ Даути, актуелен пратеник во македонското Собрание од редовите на ДПА, ќе биде кандидатот од оваа партија за градоначалник на општина Тетово на претстојните локални избори.
Даути претходно беше член на Советот на општина Тетово во последните четири години, а на последните парламентарни избори беше избран за пратеник во републичкото Собрание заедно со неговиот лидер Мендух Тачи. Тие се единствените пратеници во Парламентот од редовите на ДПА. Со денешното назначување за кандидат за градоначалник на Тетово Даути најави дека ќе поднесе оставка на пратеничкото место.