Пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими , денеска не се појави на судското рочиште за случајот „Титаник 3“, туку решил да оди на координација во Собрание.
Судијката Марија Клетничка го прочита оправдувањето за отсуството на пратеникот испратено од Собранието, но истакна дека денешниот датум бил договорен во согласност на обвинетиот пратеник.
-Непосредно пред денешното закажено рочиште е доставено известување од Собранието, потпишано од претседателот, со кое се известува судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ учествува на редовните координативни средби во Собранието, кои се одржуваат секој понеделник, рече судијката.
Таа даде 15 минути пауза за да одлучи, но без да прецизира што.
По паузата, судијката го одложи рочиштето за 13 септември.
В.В.