Пратеникот Адеми: 8,6 години лежев во затвор, а цигара не запалив

by fokus

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, ги повика пратениците од владејачката коалиција да гласаат против измените на Законот за заштита од пушењето, кој се разгледува на денешната собраниска седница во скратена постапка. Тој посочи дека иако бил долги години во затвор, никогаш не запалил цигара.

-Јас имам лежено 8,6 години во затвор, од кои 5 години одев на терапија. Никогаш не запалив цигара, никогаш не сум пушел, а татко ми и покрај тоа ми носеше цигари, мислеше ќе ми помине маката. Многу другари со кои бев во затворот престанаа да пушат, така да за секоја навика има и одвика. На нас непушачите ни одмага, ни штети, ни го загрозувате животот, рече Адеми, обидувајќи се уште еднаш да ги убеди пратениците да гласаат против измените на законот.

 

Поврзани новости