Пратеник истури црвена вода на говорница како симбол на крвта на младите убиени од Ваташа

by fokus

Сите вие што ќе кренете рака за ова предавство ќе завршите на буништето на историјата. Затоа оваа течност нека ве потсеќа на крвата што ја газите, на жртвите од фашизмот, на децата од Ваташа и на крвта на хероите кои загинаа од Македонија а што вие ја поганите со вашите дела, рече Тони Јарески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Тој истури црвена вода на говорницата како симбол на крвта на младите убиени од Ваташа.

– Многу великани дале свои живот, многу цитати беа кажано, но се чини не допираат до вас. Затоа луѓето кои ќе кренат рака за овој обид за велепредавство можат да бидат добри Бугари. Бидејќи со таков однос работат само за интересите на Бугарија, не Македонија, рече Јарески.

Јарески потенцираше дека со овој чекор се прави грешка од која нема назад, вакви грешки прават штета не само на нашата генерација, туку и на идните генерации, непоправлива штета и на сите изминати генерации.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го повика Обвинителството да реагира за постапките на пратениците, кои како што рече ја оштетуваат собраниската опрема, со истурање на вода со палење. Според него, ова е кривично дело за коешто пратениците треба да одговараат.

Поврзани новости