Пратеничко прашање за премиерот: Дали како родител сте спремен да ги амнестирате помагателите на убиствата на децата кај Смилковско езеро?

by Fokus

На собраниската седница за пратенички прашања, денеска во Законодавниот дом пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го праша премиерот Димитар Ковачевски дали како родител е спремен да ги амнестира помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро со овој закон кој го предложува во Собранието?

„Во вашиот предложен закон за амнестија господине Ковачевски деликтите како тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудије при тепачка, противправно лишување од слобода, мачење или друго сурово нечовечко или понижувачко постапување, грабнување, малтретирање во вршење на службата, згрозување на сигурноста, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, запуштање и малтретирање на малолетно лице, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето, кражба, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или гас, тешка кражба, измама, бесправно градење, оштетување или повластување на доверители, изнуда, уцена, лихварство, перење пари, фалсификување пари и други преноси од казниво дело, даночно затајување се делата кои ќе бидат амнестирани доколку вашиот закон во Собранието помине“ рече Стојаноски.

Пратеникот додаде дека има еден загрижувачки дел од овој закон каде се амнестираат оние кои се воени повратници кои војувале во други држави како оние од ИСИС и една вознемирувачка информација која не може да го остави рамнодушен, а тоа е дека со овој закон ќе се амнестираат и ќе бидат на слобода две лица за помагање на тешкото и мачно грозоморно убиство на децата кај Смилковци.

Поврзани новости