Пратеничките прашања започнаа со еден час доцнење

by Фокус

Пратеникот на опозицијата Сугаревски реагираше дека седницата за пратенички прашања доцни 50 минути затоа што премиерот и министрите се уште не се појавиле во парламентот.

-Ова не е ништо ново, туку една стара појава која ја практикува власта, рече Сугаревски.

Нему му реплицираше пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Димовски кој рече дека опозицијата имала 15 месеци шанса да поставува прашања, но никаде ја немало.

Веќе е познато во јавноста дека премиерот Груевски има пракса да доцни на настани. Неговиот пример, кога е во прашање парламентот, го следат и други членови на Владата.

По ова конфронтирање започна седницата со пратенички прашања.

Поврзани новости