Пратенички прашања без ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ продолжува со бојкотот на Собранието и денеска нивните пратеници нема да присуствуваат на пленарната седница на која пратениците ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања.

ВМРО-ДПМНЕ го почна бојкотот на парламентот затоа што дел од пратениците се наоѓаат во притвор, како осомничени за настаните од 27-ми април.

Пратеничките прашања се одржуваат во последниот четврток од месецот. Денешната седница треба да започне во 11.00 часот.

Поврзани новости