Пратеничката Стефоска, доктор по историски науки која со велосипед одеше на работа, е новата министерка за култура

by fokus

Скопјанката Ирена Стефоска, 53-годишна, е новиот министер за култура, од редовите на СДСМ. Таа е доктор по историски науки, а беше и пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за култура.

Стефоска во јавноста беше позната и по тоа што на работното место во Собранието доаѓаше со велосипед.

Нејзини досегашни активности во Собранието биле:

    • Комисија за култура, претседател
    • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
    • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
    • Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
    • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член
    • Клуб на пратенички, член на претседателство

Поврзани новости