551
Пратеничката Фросина Ременски утрово треба да се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“.
Пратеничката е почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Боки 13.
Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Јовановски и Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, а за возврат требале да му овозможат спас од кривичен прогон за истрагата „Империја“’. Јанева пак е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.
Истрагата во последниот период се шири и кон Меѓународниот сојуз на Боки 13.
В.В.